Во преполн автобус го ставил својот пенис во раката на малолетничка - патниците наместо да помогнат само гледале
Непознат манијак, синоќа приредил вистински хорор за девојче од Белград. Настанот се случил во автобус, а најстрашно од се било што никој од патниците во автобусот не реагирал на она што се случувало.
Според податоците од српските медиуми, 15-годишната К.С. која се возела со автобусот, доживеала хорор кога засега непознат манијак во раката и го ставил својот пенис.
Како што потврдуваат за српскиот Курир, од семејството на девојчето, малолетничката со својата братучетка се враќала од училиште, кога до неа застанал маж на возраст од 40-50 години, кој и го ставил својот пенис во раката. Најпрво девојчето иако почувствувало дека нешто ја допира по раката, не изреагирало бидејќи мислела дека тоа е нејзината роднина. Потоа сфатила дека тоа е манијакот кој имал откопчан шлиц, и со својот полов орган ја допирал по телото. Девојчињата плачејќи започнале да викаат, но никој од преполниот автобус не им помогнал.
Полицијата трага по манијакот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа