Бесими-Јанковиќ: Австрија важен партнер во евроатланските интеграции на Македонија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со поранешниот австриски министер за надворешни работи и сегашен претседател на Француско-австрискиот центар за приближување во Европа, Петар Јанкович.
На средбата Бесими истакнал дека билатералната соработка помеѓу Македонија и Австрија е одлична и дека Австрија преку нејзината континуираната политичка и економска поддршка претставува еден од најбитните партнери на Република Македонија во нејзините евроатлански интеграции.
Во изминатиот период од 1996-2012 Австриската агенција за развојна соработка има обезбедено вкупно над 40 милиони евра развојна помош за областите од животна средина, енергетика и вработување.
Јанкович истакнал дека европската перспектива продолжува да претставува важна опција за мир, развој и стабилност во регионот Западен Балкан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа