Седници на три собраниски комисии

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за економски прашања и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Законодавно-правната комисија и комисијата за труд и социјална политика се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, како и Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија двата по скратена постапка. Законодавно - правната комисија ќе расправаат и за статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, прва фаза и исправката на законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, е на агендата на седницата на комисијата за економски прашања.

06.02.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега