Утре обилни врнежи од дожд - еве какво време не очекува наредните денови

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со кратки сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, на некои повисоки места од дожд и снег, а на планините ќе бидат само од снег. Врнежите ќе бидат нешто пообилни во западниот дел од земјава, а преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а за време на викендот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд кои ќе бидат повеќе застапени во западните делови од земјава. 

05.02.2014 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега