Опериран српскиот шармер Саша Ковачевиќ
Популарниот пејач Саша Ковачевиќ пред неколку денови имал операција на синусите и крајникот, а моментално се наоѓа на домашно лекување.
Операцијата поминала успешно, а миленикот на женската публика откако бил опериран во петокот, во недела е пуштен на домашно лекување. Моментално не може да зборува и да јаде, но лекарите се сигурни дека брзо ќе се опорави.
Неговиот татко вели дека пејачот има силни болки и дека секојдневни прома инекции, но дека се надеваат дека наскоро ќе се опорави.
05.02.2014 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа