Си ја претепал вереницата која е во седмиот месец од бременоста

 

Монструм од Јагодина си ја претепал бремената девојка, која за два месеци треба да му донесе бебе на овој свет. Како што јавуваат медиумите, се работи за 30-годишниот М.М. кого пет години помладата М.В. го пријавила дека ја претепал иако носи нивно дете.

М.М. според зборовите на девојката, дошол во нејзиниот стан камен пијан, по што започнале да се расправаат, а потоа расправијата кулминирала кога тој ја удрил девојката. Трудницата во болница била донесена со модринки и расекотини по телото и лицето.

Насилникот во полиција себранел дека девојката прва го нападнала со нож. Засега нема информации за состојбата на бебето.

05.02.2014 - 11:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега