Ќерката на Легијата ја пронашле со помош на Твитер

 

Ќерката на Милорад Улемек Легијата, Николија Луковиќ, конечно се врати дома откако исчезна за време на викендот. Иако немаше информации за тоа дали била киднапирана или избегала, сепак, според последните податоци на српските медиуми, 15-годишната ќерка на Легијата полицијата ја пронашла во куќата на една другарка каде отишла да преспие во петокот, по што не сакала повеќе да се врати дома.

- Фала богу се заврши добро, Николија се врати дома. Сега повторно е во прегратката на својата мајка, вели роднина на тинејџерката за српскиот Курир.

Извор за Курир.рс вели дека се зборува дека Николија се скарала со мајка си, па излегла од дома и отишла да спие кај своја другарка. Иако полицијата брзо била известена, било потребно време за да побараат дозвола од Судот, да ги преслушаат нејзините повици и да видат каде се наоѓа. Во трага и влегле благодарение на нејзиниот Твитер, преку кој пиувала со другарките.

За потсетување, Николија е ќерка на Легијата и Маја Луковиќ, чиј кум беше Аркан. Се тврди дека таа само еднаш како помала го видела својот татко.

05.02.2014 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега