Две години забрана за ловот во Албанија
Албанскиот министер за животна средина, Лефтер Кока изјави дека ловот во Албанија ќе биде забранет две години со цел да ги заштити животните кои поради ловокрадството се пред изумирање.
“Принудени сме да примениме строги мерки за да ги заштитме дивите животни на кои им се заканува изумирање поради ловокрадството”, посочи Кока додавајќи оти две децении тоа се случува со фауната во Албанија.
За кршењето на мораториумот на ловот предвидени се високи парични казни, кои ќе бидат определени до половината на февруари, кога законот за забрана на ловот стапува во сила.
Според податоци на албанското Министерство за животна средина, бројот на лисици, зајаци и препелици е намален од 30 до 50 проценти, додека кафената мечка, фазанот и орелот целосно се исчезнати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа