Доживеал инфаркт но не отишол во болница за да не си го остави кучето само!

 

Маж од Осијек е доказ што е тоа вистинска верност. Крешо Селак ни по цена на сопствениот живот не сакал да си го остави кучето кое го чувал со години, откако го нашол на улица.

- Бев да пополнам некои формулари за здравствено осигурување кога одеднаш почуствував болка во градите. Побарав помош во болницата која беше веднаш преку улица, вели Крешо.

Лекарите откако го прегледале, констатирале дека доживеал инфаркт, мо сепак, иако му било препорачано да остане во билница неколку денови каде ќе му пружат нега и грижа, тој не сакал да остане за да не си го остави кучето само.

- Мојата Маза ми е се на светот, ја имам само неа, а и таа ме има само мене. Луѓето викнаа брза помош, но не сакав да лежам во болница. Сите беа прекрасни и ми рекоа дека тие ќе се грижат за кучето додека ме нема, но не скаав, не можев да ја оставам, вели Крешо.

Инаку, двајцата се неразделни отккао пред 12 години и го спасил животот.

- И го спасив животот и мислев дека ќе можам да ја пуштам кога ќе и биде подобро, но не можев. Многу ја сакам и не таа ми е се, додава тој.

04.02.2014 - 16:30
Фото: 
курир.рс

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега