Го избодела сопругот со нож па го докрајчила со бејзбол палка

 

Анка Мишчевиќ е хрватица која живее во Чикаго. Таа е осомничена дека сопругот прво го избодела со нож, а потоа го докрајчила со безбол палка.

Против неа е покренато обвинение за брутално убиство на сопругот кому прво му забодела нож во градниот кош, за потоа да го тепа со безбол палка по главата.

Мишчевиќ сега се соочува со казна од 20 до 60 години затвор.

Според обвинителот, Мишчевиќ признала дека била вооружена со нож и палка пред да влезе во спалната соба каде на сопругот му забила нож во градите што тој успеал да го извади. Тој се обидел да повика итна помош, но во тоа го спречила сопругата удирајќи го со палка по глава.

Освен тоа, тужителите напоменаа дека жената имала психички проблеми и три пати била хоспитализирана во текот на минатата година. Таа земала и лекови и посетувал психијатар.

Следното појавување пред судот е закажано за 17 февруари, а до тогаш Мишчевиќ ќе остане во притвор бидејќи за неа е одредена кауција од 3 милиони долари, што таа не успеала да ги собере.

04.02.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега