Гари Каспаров бара хрватско државјанство !?
Како што соопшти хрватскиот весник „Слободна Далмација“, Гари Каспаров, поранешен светски шампион во шах и познат критичар на режимот на рускиот претседател Владимир Путин, побарал хрватско државјанство и најверојатно ќе го добие.
Во моментот во тек е вообичаената процедура, предвидена за странци, тврди хрватското Министертсво за внатрешни работи.
Каспаров многу често престојува во Хрватска. Секоја година тој го поминува летото во Макарска, мало гратче на Јадранското Море, кое се наоѓа на 60 километри југоисточно од Сплит и добро го зборува хрватскиот јазик.
04.02.2014 - 12:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа