Грција: Казни за земјоделците кои го пуштаат добитокот да скита по пруги

 

Против земјоделците кои чуваат добиток во регионот на Фтиотида, централна Грција, и кои им дозволуваат на своите стада неконтролирано да скитаат по пругите ќе се превземат правни мерки соопшти денеска операторот на грчката национална железница „Траиносе“.

Вчера во раните утрински часови по третпат е избегната железничка несреќа, откако машиновозачот на еден воз успеал да го запре возот пред стадо добиток заскитан на пругата.

Во неделата од шините излета воз кој сообраќал меѓу Атина и Солун, откако удрил во крава. Сличен инцидент се случи кон средината на декември минатата година.

Во ниту еден од дадените случаи нема повредени патници. 

04.02.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега