Избегала или била киднапирана? - детали за ќерката на Легијата
Ќерката на Милорад Улемек Легијата, 15-годишната Николија Луковиќ, вчера беше пронајдена од страна на полицијата во Торонто, по дводневно трагање по неа.
Иако вчера не беа објавени податоци дали Николија сама ибегала, каде била, или дали можеби се работи за киднапирање, според најновите податоци кои ги објавуваат српските медиуми, Николија била во куќата на своја другарка, каде во петокот отишла на спиење, а потоа не се вратила дома и не сакала да контактира со никој од семејството.
На полицијата и требало долго време за да ја најде бидејќи и требало дозвола од Судот за да земе листа на повици и пораки кои пристигнале од бројот на Николија.
Инаку, Николија е ќерка на Легијата од бракот со Маја Луковиќ, а нивен кум им беше Аркан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа