Златна зора бара преименување во Национална зора
Грчката неонацистичка партија Златна зора поднесе барање до Врховниот суд на Грција за преименување во Национална зора.
Барањето, пропратено со новиот партиски Статут, било потпишано од кандидат на партијата за европратеник Михалис Јанонгонас.
Во саботата пратеникот на неонацистичката партија во грчкиот Парламент, Илијас Касидијарис соопшти дека се е подговеноо за регистрирање на нова политичка формација под името Национална зора, доколку Врховниот суд донесе одлука за забрана на Златна зора.
Грчките медиуми коментираат дека со иницијативата за регистрирање на нова партија, Златна зора сака да си обезбеди учество на мајските избори за членови на Европскиот парламент и за органите на локалните власти, во случај да биде донесенан одлука за нејзина забрана.
Лидерот и петмина пратеници на Златна зора се наоѓаат во притвор под обвинение за злосторничко здружување, а во тек е истрага која траба да утврди дали партијата е „криминална организиација“.
Но, и покрај ваквата кампања на властите против Златна зора, партијата и натаму е трета по популарност во Грција и според последните анкети на јавното мислење, ужива поддршка на меѓу 8,9 и 10,3 проценти од избирачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа