Лукијан: Девојките се моја инспирација и потпора
“Мислам дека жените ја чувствуваат онаа емоција која ја пренесува додека пеам па поради тоа ми е доделена титулата за срцекршач. Пишуваат, оставаат коментари, ме сакаат и мило ми е поради тоа”, вели финалистот на шоуто Икс Фактор, Лукијан Иванович.
Талентот на ова младо момче го препознаа многумина, а тоа го потврдуваат и бројните награди освоени на музички фестивали.
Лукијан вели дека направил големи промени откако почнал да се натпреварува во музичкото шоу. Се пожали дека го занемарил студирањето бидејќи во Белград е од септември и постојано се подготвува за настапите. “Ми недостасува клавирот, мојот простор каде компонирам “ вели Лукијан и додава дека моментално нема време да размислува за популарноста и дека се труди да одговори на сите прашања поставени на социјалните мрежи.
"Останав ист, скромен дечко со јасна цел " вели тој.
"Ако победам прво ќе одам на пуст остров за да одморам. А кога ќе се вратам, ќе се борам да снимам поп албум, кој ќе биде нешто многу поразлично, нешто што никогаш не се слушнало на овие простори. Ако победам тоа ќе биде победа на моите гласачи, заедно со мене” вели скромниот Лукијан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа