Сексипилот нема рок на траење- позирала во долна облека а има 62 години
Модната куќа Американ Апарел се спротистави на трендот за ангажирање на млади и згодни модели во с кампањите па за својата најнова кампања за долна облека ја ангажирале 62-годишната Џеки.
Својата фотографија во чипкан веш ја објавила на својата Фејсбук страница и на инстаграм а под неа напишала “Сексипилот нема рок на траење”.
Џеки со оваа професија почна да се занимава уште во 2011 година кога еден моден агент ја прими во њујоршки ресторан. Нејзиниот прв ангажман бил во компанијата Адвансед Бејсик и вели дека било многу забавно.
"Многу пати сум прочитала дека работата како модел е без вкус. Сепак мене ми беше забавно и креативно. Бараше многу енергија и способност да комуницирате без збор. Не беше големо снимање со полно луѓе и галама. Тука беше само фотографката Марша со својот фотоапарат, така што беше многу интимно” вели моделот.
Одлуката за ангажирање на Џеки фановите на Фејсбук ја дочекаа со позитивни коментари од типот:“Сакам често да гледам вакви модели”, “Се надевам дека и јас ќе бидам вака згодна и убава кога ќе остарам”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа