Ќерката на Легијата се врати дома - што и се случило?
Николија Ники Луковиќ, 15-годишната ќерка на Милорад Улемек Легијата, се вратила дома жива и здрава.
- Се е во ред. Се врати дома, вели бабата на Николија, 15-годишната ќерка која Легијата ја има од бракот со Маја Луковиќ.
Канадската полиција не соопштува никакви информации за тоа како девојчето исчезнало и како и каде е пронајдено. Според неофицијални информации, познато е само дека таа се јавила дома од телефонот на некоја другарка, но не се знае каде била, дали била киднапирана или самата избегала од дома.
Инаку, ќерката на Легијата, исчезнала од дома во петокот околу 15 часот. Полицијата упати апел до граѓаните да се јават веднаш ако ја видат, опишувајќи ја како девојче со светла коса, високо 1.70, слаба, тешка 54 килограми, со кафени очи, која во моментот на себе имала црн џемпер.
За потсетување, Маја и Легијата се венчаа во 1994 година, а нивен кум беше Жељко Ражнатовиќ Аркан. Се претпоставува дека легијата никогаш не си ја видел ќерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа