Менаџерот на Кемал Монтено: Не ми ги украдов парите туку ги прокоцка!
Менаџерот на легендарниот пејач Кемал Монтено за кој неодамна српските медиуми пишуваа дека му ги украл парите од неговиот концерт кој бил наменет за да се соберат средства за неговата трансплантација на бубрег, вели дека пејачот лаже и дека тој ќе ја открие вистината за она што се случило.
Менаџерот Фарук Дрина за српскиот Курир открива дека поседува документација дека на сметката на Монтено се исплатени 12.500 евра, а има и потврда која лично пејачот ја потпишал.
- Од свој џеб му позајмив 2.500 евра за да си го подмири долгот за автомобилот кој го зема на лизинг. Неаргументирано ме обвинуваат, на овој концерт не сум собрал ничии пари вели тој.
фарук додава и дека пејачот своите пари ги троши на казина каде се коцка по цела вечер.
Повеќе за измамата прочитајте ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа