Отворен ден за ажурирање на личните податоци за ЕВН во Сити Мол

Денес, 31.01.2014 година, во периодот 14-18 часот во трговскиот центар Сити Мол – Скопје, граѓаните ќе имаат можност да ги достават своите пополнети формулари со ажурирани лични податоци за ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 Корисниците имаат обврска, секоја промена на личните податоци да ја ажурираат и достават до компаниите кои вршат јавна услуга во рок од 30 дена. Компаниите пак се одговорни за обработката на личните податоци на корисниците и за роковите на нивното чување, а тоа го обезбедуваат со технички и организациски мерки и процедури за заштита на личните податоци.

 За целосно почитување на овие начела, ажурирањето на личните податоци во текот на овој проект ќе се врши со пополнување на формулар кој на граѓаните веќе пристигнува заедно со сметките за струја, парно и вода. Пополнетите формулари, освен денес, граѓаните ќе може да го остават во означените кутии во некој од наплатните пунктови на ЕВН Македонија, Снабдување со топлина Балкан Енерџи Груп ДООЕЛ – Скопје или ЈП Водовод и канализација Скопје до 15 март 2014 година.

 

31.01.2014 - 11:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега