Во чии раце отиде стипендијата за млад надежен спортист?

Општина Кочани и оваа година ја додели годишната стипендија за млад надежен спортист, која по иницијатива на градоначалникот Ратко Димитровски ја доделува комисијата за спорт при локалната самопуправа.

Оваа година стипендијата му припадна на младиот борач Иван Јанев, член на Боречкиот клуб „Спартак“ од Кочани.

- Наградата за мене преставува голема обврска да ги повторам спортските резултати од минатата година, кога во мојата категорија до 60 килограми во јуниорска конкуренција бев апсолутен првак на Македонија, прв на изборно првенство за јунири на Македонија, прв на државно превенство во Скопје, прв на меѓународен турнир во Штип, второ место на турнирот во Србија и најдобар борач на турнирот „Андонов - Колев“ во Кочани, рече Јанев.

Градоначалникот Димитровски истакна дека спортската стипендија се доделува петта година по ред, а целта е да се мотивираат младите спортисти.

Јанев ќе добива 3.000 денари месечно во текот на целата учебна година. Досега спортската стипендија на Кочани ја добија фудбалерките на ЖФК„Кочани“ Верица Георгиеваи Ана Веселинова, како и каратистите Мартин Павлов и Мартин Стојменов.

31.01.2014 - 11:40
Фото: 
komarec.com.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега