Ловиштето Јасен топ дестинација за ловџиите од светот
Ловиштето Јасен е атрактивна и позната дестинација за ловџиите од САД и Русија, а последните години и за љубителите на ловот од Европа.
За да го одржат интересот за овој ловен предел во кој живее и рисот како заштитен автохтон и редок дивеч, раководството на Јасен, во соработка со Агенцијата за промоција на туризам и со дипломатските представништва и промотори низ светот, врши интензивен маркетинг прилагоден на подрачјето каде се презентираат.
- Во моментов државните ловишта на Република Македонија се лидери на Балаканот, а веќе три години зад нас се Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска.., истакнуваат од ловиштетот Јасен.
Ловот во ова државно ловиште се спроведува исклучиво врз основ на годишни договори со лиценцирани ловни тур-оператори од светот. Во договорите се дадени т.н. ловни пакети за определени видови дивеч и термини кога таквиот лов може да се реализира.
Директорот на ловиштетот Михаил Малахов денеска ќе информира за досегашните активности на ова ЈП, како и за идните планови засновани на програмата на македонската Влада за забрзан развој на ловниот туризам, преку која добиваат финансиски средства за интензивна продукција на автохтон дивеч.
Измените на Законот за ловство, особено во делот, учество на сите домашни и странски лица преку електронски систем на надавање за добивање на концесија на дивечот во ловиштата поднесени од Владата на Република Македонија, ја лансира Република Македонија меѓу државите низ светот со најуреден и единствен таков пример на можност и транспарентност во светот.
ЈП Јасен од 2011 година е членка на Интернационалниот Совет за заштита на дивиот свет и дивечот, која е најголемата интернационална организација за лов како држава членка под уставно име - Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа