Форум за јавна администрација во Будимпешта
Уникатен и иновативен пристап на темите за лидерството, како едно од најважните прашања во развојниот процес на јавната администрација, е тема на Форумот за јавна администрација, што ќе се одржи денеска во Будимпешта.
Државниот секретар во македонското Министерство за информатичко општество и администрација Јахи Јахија ќе има свое обраќање на отворањето на форумот.
Учесниците ќе вршат презентација на нивното искуство од различни општествени области како што се спортот, културата, мултинационалните економски средини, како и од областа на религијата, воените сили и волонтерските активности на разни организации.
На лидерскиот форум, организиран од унгарското Министерство за јавна администрација и правда, ќе учествуваат претставници од повеќе земји од регионот, како и од Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа