Советување за поголема финансиска дисциплина
Здружението на правници на Република Македонија денеска организира советување на тема „Законот за финансиска дисциплина и претпоставки за негова ефективна примена заради спречување на задоцнетите плаќања“.
Учесниците ќе ги анализираат одредбите од Законот за финансиска дисциплина со цел лоцирање на најделикатните кои се од значење за негова примена.
Презентери на советувањето ќе бидат професори и претставници од Министерството за финансии.
30.01.2014 - 09:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа