Малолетен скопјанец криумчарел Палестинци
17 годишниот скопјанец И.Л. си заработи кривична пријава откако на 18. јануари полицијата го улови во друштво на двајца Палестинци.
Полицијата открила дека палестинските државјани илегално влегле од Грција, а кога пристигнале во Скопје на железничката станица се сретнале со пријавениот, кој за износ од 500 евра требало да ги прокриумчари.
Оттаму со автобус се упатиле кон Тетово, од каде со такси возило се упатиле кон село Јажинце, тетовско, каде биле уловени од полициски службеници.
29.01.2014 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа