Чудо од човек: Преживеал напад од ајкула сам си ја зашил раната па отишол на пијачка!

 

24-годишниот Американец Џејмс Грант додека нуркал бил нападнат од ајкула. Сепак, овој човек успеал да се соземе и набрзина да изреагира со што си го спасил животот.

Тој се наоѓал во вода на длабочина од околу 2 метри кога почувствувал силен удар во ногата. Најпрво помислил дека тоа е неговиот пријател кој бил со него и дека само се шегува сакајќи да го исплаши. 

- Погледнав зад себе и видов дека е ајкула. Се шокирав. Помислив леле проклетство морам да најдам начин да се спасам. Имав нож па почнав да ја бодам. Не сум сигурен колку бев прецизен но избега, вели тој.

Кога стигнал до обалата се соблекол и видел дека има рана, која сам си ја зашил со приборот за прва помош кој го имал со него, а потоа отишол со својот пријател до еден бар на пијачка.

Дури по пијачката Американецот отишол до болница.

29.01.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега