Косовскиот суд одреди притвор за српскиот лидер Оливер Ивановиќ
Косовски суд денеска му одреди едномесечен притвор на умерениот лидер на косовските Срби , Оливер Ивановиќ, кој беше уапсен вчера под сомнение за сторени воени злосторства, соопшти ЕУЛЕКС.
Адвокатот на Ивановиќ, Небојша Влајиќ соопшти дека рано изутринава неовиот клиент е пренесен во притвор во Приштина. Влајиќ изјаву дека нема причини за задржување на Ивановиќ во притвор и најави поднесување жалба на судската одлука.
Според адвокатот, обвиненијата против Ивановиќ за крајно сериозни и тешки кривични дела се смешни, измислени и бесмислени. Ивановиќ е осомничен во истрага за воени злосторства и во врска со убиство извршено по конфликтот во Косово.
Ивановиќ, кој е лидер на Граѓанската листа „Србија, демократија, правда“ (СДП), беше уапсен вчера под сомнеж дека извршил воени злосторства пред повеќе од десет години, за време на војната на Косово (1998-1999).
Обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово вчера го сослуша Ивановиќ и потоа издаде налог за негово апсење. Судија донел одлука тој да биде притворен.
- Ивановиќ во текот на денот доброволно се јави во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица, по претходниот договор со обвинителот и неговиот адвокат. Сослушувањето е завршено и обвинителот издаде налог за апсење и побара од судот да го разгледа барањето за одредување притвор, се наведува во соопштението на ЕУЛЕКС.
Повеќе десетици граѓани на Косовска Митровица, меѓу кои и одборници и симпатизери на СДП протестираа пред зградата на полицијата и на ЕУЛЕКС поради налогот за апсење на Ивановиќ.
На неодамнешните избори за градоначалник на општина Северна Косовска Митровица, Ивановиќ загуби со мала разлика од Крстимир Пантиќ, кој беше кандидат на Граѓанската иницијатива „Српска“, зад која стоеја властите во Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа