Балканот се тресе цел месец - се заканува ли разорен земјотрес?
Балканот се тресе веќе неколку дена. По серијата земјотреси во Грција симолошката опсераторија на Република Српска јави за нов земјотрес во Бања Лука а в последниве две недели, земјотрес имаше и во Црна Гора и Србија.
За помалку од 3 дена во Грција се регистрирани над 30 земјотреси со интензитет околу 4,5 степени според европската макорсеизмичка скала, а најсилниот беше дури 6 степени.
И додека во јавноста кружат приказни дека се подготвува разорен земјотрес во регионот, сизмолозите смируваат. Тие велат дека никој не може да предвиди земјотрес, а серијата потреси не мора да значат најава за уште посилна сизмичка активност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа