Четири хотели ќе "никнат" во Малешевијата
Со изградба на нови хотели заживува туризмот во Малешевијата. Според информациите на Дневник, два хотела се градат во Берово, два во Пехчево.
Некогаш убавиот хотел „Македонија“ во центарот на Берово неодамна, откако од последниот сопственик бил ставен под хипотека, беше купен од струмичката фирма „Глигоров“ која ќе направи негова целосна реконструкција. Новиот сопственик на хотелот најавува дека до јуни хотелот ќе биде комплетно завршен. Во хотелот посетителите ќе може да уживаат во сауна, базен и мини спа-центар.
Исто така, во Берово, уште од минатата година струмичка фирма гради атрактивен комплекс со куќи во етностил, од кои дел се завршени, со спортски терени, езерца, рибник, а луксузниот хотел треба да биде завршен в година. За два-три месеци треба да биде завршен хотелот во центарот на градот на штипската фирма „Kит-Го“, која неодамна го купи и поранешниот хотел „Панорама“, чиј последен сопственик беше скопска „Славија“,пишува Дневник.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа