Денешен: Документите ја демантираат Менче Точи

 

Менче Атанасова Точи не ја говори вистината кога вели дека нема никаква поврзаност со фирмите. Документите ја демантираат, пишува Денешен.

Откако „Дневник“ објави дека Менче Атанасова Точи, која работи за ТВ „Нова“ е поврзана со десетина фирми и со невладина организација, дел од нив се и „Римедикал“ – друштво за трговија и услуги, „Елите Софа“, „Фешн Форс“, „Акон Пајо“, Институтот „Ходници’, а и златарницата „Смарагд“, стигна реакција од Точи, а и од одредени личности кои се легитимираа како сопственици на споменатите фирми, изјавувајќи дека Точи нема врска со овие фирми.

Според информациите на Денешен, списокот на фирми е всушност подолг од тоа што го објави Дневник. Документите до кои стигна порталот, покажуваат дека сите фирми, било да е нивното седиште или живеалиштето на управителите и сопствениците на тие фирми, се врзуваат со една единствена адреса Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ.

Фирма по фирма и здружение по здружение тоа изгледа вака.

-Менче Атанасова Точи е еден од сопствениците на Здружение за заштита на здравствени и социјални права, заштита на правата на пациентите, особено на ранливата категорија граѓани, како и проблемите со кои се соочува ромската популација, ИНСТИТУТ ХОДНИЦИ Скопје. Косопственик се и Пајазит Точи и Адријан Точи, кој заедно со Менче Точи за адреса на живеење ја имаат посочено Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ. Претседател на ова здружение е Менче Точи.  Тоа недвосмислено се гледа од документите, пишува Денешен.

Од документите до кои стигна порталот се гледа и дека здружението е формирано на 28-ми ноември 2012 година. Точи во демантот кој во саботата го испрати до медиумите, посочи дека невладината организација „Ходници” е регистрирана во моментот кога останала без работа, односно кога згаснала А1. Телевизијата згасна на крајот од јули 2011 година, пишува Денешен, додека невладината “Ходници“ е основана кон крајот на ноември 2012 година.

-Исто така Фирмата Аконт Пајо Пајазит Фори Точи ТП Скопје за седиште ја има токму адресата на Менче Точи, Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ. Сопственик на оваа фирма е Пајазит Точи со кого Менче Точи е соосновач на Здружението Ходници. Тоа јасно може да се види од документите, пишува Денешен.

Исто така, пишува порталот, Пајазит Точи, кој има исто презиме и адреса на живеење со Менче се јавува и како неизвршен член на одбор на директори на Акционерско друштво за сметководствено-финансиски и други слични услуги БИЛАНС-ХИТ АД Скопје.

Пајазит Точи, кој е косопственик на здружението на Менче Точи се јавува и како сопственик на Друштвото за производство трговија и услуги ХЕЗИТ ДОО увоз-извоз Скопје. И двајцата кои носат исто презиме пријавуваат идентична адреса, Улица Чаирска број 36.

-Во меѓувреме, во јавноста излезе сопственикот на Друштвото за трговија и услуги ЕЛИТ БИЛДИНГС ДОО Скопје, Аднан Хоџа кој се колнеше дека нема никаква врска со Менче Точи. Но податоците покажуваат сосема друго. Како адреса на живеење Аднан ја има посочено токму адресата на Менче Точи, Улица Чаирска број 36 Скопје, со што директно се доведуваат во корелација. Значи Менче Точи која се расфрлаше со тужби и бизнисменот кој рече дека нема врска со Менче, всушност имаат иста адреса која е пријавена во Централниот регистар. Тие според документите и живеат и имаат фирма и здружение на една иста адреса. Тоа јасно се гледа и во документите, пишува Денешен.

Истиот бизнисмен Аднан Хоџа, пишува Денешен, не само што за живеалиште ја посочил домашната адреса на Точи туку и формирал фирма со истата адреса како и здружението Ходници на Менче Точи. Тоа е трговското друштво ФЕШН ФОРС ДООЕЛ Скопје. Аднан Хоџа извесен период  се јавува и како сопственик на Трговско друштво РИМЕДИКАЛ СК ДОО увоз-извоз Скопје. И во тој историјат на промени во централниот регистар како негова адреса на живеење е пријавена адресата на Менче Точи.

 

-Уште една фирма е формирана на адресата на Точи, Приватна здравствена установа-специјалистичка ординација по гинекологија и акушерство ДОНА ГИН Скопје чиј сопственик и управител е ЉУЉЗИМЕ ХОЏА кој за адреса ја има пријавено Ул. ЧАИРСКА Бр.36 СКОПЈЕ, пишува Денешен.

Последното околу кое се огради Менче Атанасова Точи беше златарата СМАРАГД, чиј што сопственик според документите е Неби Хоџа, кој за адреса ја има пријавено повторно адресата Чаирска број 36 каде Менче Точи има регистрирано Здружение и која ја има пријавено како адреса на живеење, покажуваат документите до кои стигна Денешен.

-Документите очигледно покажуваат поврзаност на Менче Точи со посочените фирми. Според правниците ваквата испреплетеност на фирми говори за можни две работи. Или посочената Точи го продала станот и тоа се повторило со уште неколкумина, што е помалку веројатно бидејќи при промена на живеалиште таа има законска должност да ги промени и адресите кои ги доставила до Централниот регистар, нешто што не е направено, или второто, мноштвото на фирми испреплетени пирамидално отвора основ за сомнеж за корупција, пишува порталот.

Менче Точи излезе со демант на овие информации, тврдејќи дека нема допирна точка со фирмите чии документи ги објави Денешен.мк

 

-         

Се работи за иста адреса на сосема две различни локации. Грешшката е настаната во Општината која не го сменила бројот на куќите. Две куќи на различни локации се со иста адреса. Луѓето кои ги имаат споменатите фирми се регистрирани на улицата „Чаирска 36„, но, се со сосема друга локација. Вакви грешки се прават со писма и сметки за стрија, вода и сл. – затоа што истата адреса ја користата некои за мене непознати фирми, вели Точи во демантот.

27.01.2014 - 16:12
Фото: 
Denesen

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега