Американец изел 60.000 пластични кеси

 

Дваесет и три годишниот американец  Роберт е ѕвездата во новата епизода од серијата „Мојата чудна зависност“ на телевизијата TLC. Тој јаде кеси со различни бои и вели дека имаат рзлични вкусови, а најмногу ги сака сините. Ова чудна навика Роберт ја има од својата седма година.

Американецот Роберт од Оукленд, има болна навика да јаде пластични кеси, а досега има изедено повеќе од 60.000 парчиња.

Роберт редовно ги конзумира кесите од продавницата во која се пакува овошје и зеленчук, а речиси редовно кога оди на шопинг им краде по неколку од тие кеси.

Исто така, како што самиот признава, често се вози низ својот крај во потрага по пластичните кеси во кои на неговите соседи им се доставуваат весниците.

Според неговите зборови, неговиот најдобар доручек е токму сината пластична кеса во која се доставуваат весниците.

26.01.2014 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега