Средбата Самарас - Обама ставена под знак прашалник

 

Средбата меѓу Барак Обама и Андонис Самарас на Вашинтон која што требаше да се случи на 2 и 4 јуни, најверојатно ќе биде одложена, откако истата не беше потврдена од страна на Белата куќа. Грчкиот премиер денеска треба да замине за Кина, а потоа да допатува во САД.

Средбата најверојатно ќе биде откажана, поради преголемата ангажираност на претседателот Обама. Од таму велат дека се отворени за средба во блиска иднина. Сепак засега грчките медиуми истакнуваат дека одговорот на Белата куќа се уште не е конечен и дека средбата би можела и да се случи. 

 

најчитано сега