Еве како да одговорите на испитно прашање кое не го знаете
Ова сигурно е најискрениот одговор на тест прашање кое не го знаете. Момчето со идентитет ДРосс09 иако не го знаел точниот одговор на прашањето сепак решил да напише нешто и да не го предаде тестот празен.
Професорот го поставил следното прашање на тестот:
„Објаснете како азотот од горните слоеви во атмосферата е корисен за археолозите при одредување на староста на коските. Објасни како се одредува таа старост.“
А ова е одговорот на овој искрен и помалку храбар ученик.
„Ќе бидат искрен со Вас. Синоќа не наидов на овој проблем, а не ни следев на часот вчера. Ова воопшто не ме интересира, дури не ја ни сакам науката. Но Вие сте ми мили и не би сакал ова да го уништи нашето пријателство. Со оглед на тоа што не го знам одговорот на ова, јас имам прашање за Вас. Започнав да се допишувам со една девојка и знам дека мисли дека сум сладок, но не знам како да започнам разговор со неа, па се прашував дали имате некаква идеја. Тоа е се' засега, господине Џ., но ќе останеме во контакт.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа