ВИДЕО: „Ме врзуваа и клукаа со лекови“ - потресна исповест на хомосексуалка
Хрватица си ја отвори душата и раскажа како нејзините родители се бореле да ја излечат од нејзината хомосексуалност.
Ана поминала повеќе од пет години во Психијатриска болница во која на 16-годишна возраст нејзнините родители ја сместиле со цел да ја излечат од хомосексуалноста која ја сметале за болест.
Според нејзините зборови, кога наполнила 18 години ја држеле во болницата без да добијат писмено одобрение иако законот го налага тоа. Тоа што се случувало во болницата било исто како во хорор филм.
Ана била врзувана, дрогирана со лекови, била затварана во самица, а биле лажирани и анализите дека таа е зависна од дрога со цел лекарите и родителите да имаат накаков изговор за подолго време да ја задржат. Ана била пуштена од Психијатерската кога докторката кажала дека повеќе не и се допаѓаат девојки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа