21 сообраќајка 41 пијан возач - викенд “лудило“ на скопските улици

 

Во текот на викендот на подрачјето на Град Скопје се случиле вкупно 21 сообраќајна незгода.

Во петокот се случиле вкупно шест сообраќајни незгоди, од кои една е со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди. Полесни повреди заработиле четворица возачи на патнички моторни возила и деветмина сопатници.

Во саботата, пак, се случиле седум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и четири со телесни повреди. Повредени се шестмина возачи на патнички моторни возила и седуммина сопатници.

Вчера се случиле осум сообраќајни незгоди. Од нив четири се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на моторни возила, двајца велосипедисти и осум сопатници.

Се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет Европскиот извештај.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила поголем број прекршоци. Санкционирани се 41 возач кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. За брзината на движење на возилата се санкционирани 79 возачи кои не го почитувале ограничувањето. Од нив 35 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казни заработиле и шестмина возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 25 возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со специјалното возило „пајак“ биле  отстранети беа 145 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

20.01.2014 - 08:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега