ВИДЕО: "Сакам да бидам добар пример за моите деца" - има милиони а чисти улици!
Иако на својата банкарска сметка има неколку милиони Ју Јужен не се откажува од чистењето улици. Месечната плата на еден чистач изнесува 169 евра, но наместо да ужива во своите пари и да ја напушти работата, Ју смета дека мора да остави добар пример на своите деца.
"Човек не работи само заради парите. Тој работи за да остане фокусиран. Мрзливоста предизвикува лоши навики. Јас само сакам да бидам добар пример за моите деца, а не да седам по дома и да трошам пари", изјавува Ју.
Таа се збогатила откако на државата и го продала своето земјиште, а парите ги вложила во недвижности, па од нив одлично заработува од месечна станарина.
Ју не планира да престане да работи иако веќе 40 години работи како фармерка, готвачка, возач на камион и чистачка. Секој ден се буди околу 3 часот наутро, шест дена во неделата, ја облекува својата портокалова јакна и помага градот Вухан да остане чист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа