Реакција на Собранието до Press24: Пратениците имаа работа во Комисиите па не беа на седница

 

Собранието на Република Македонија реагира на текстот објавен на Press24 за празната собраниска сала денеска. 

Реакцијата Ви ја пренесуваме во целост.

„Собранието на Република Македонија остро реагира на објавениот текст со кој во јавноста се создава погрешна слика дека пратениците не ги извршуваат пратеничките обврски во Собранието на Република Македонија за кои што се избрани од страна на граѓаните на Република Македонија. Сакаме да потенцираме дека денес покрај првото продолжение на 82. седница на Собранието, во исто време и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа 80. седница на која како точки на дневниот ред се наоѓаат повеќе закони кои предизвикуваат особен интерес кај пратениците и јавноста, меѓу кои: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за упревни спорови - второ читање; Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за бесплатна правна помош - второ читање; Предлог - закон за административни службеници - второ читање; Предлог - закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка - второ читање; Предлог - закон за дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка - второ читање и Извештај за резултатите од јавната дискусија по Предлогот на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Оттука, повеќето пратеници во периодот во кој е објавен овој текст учествуваа во работата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците каде што се јавуваат како подносители на голем број на амандмани на дел од точките од дневниот ред. Оттука, реагираме и упатуваме апел да не се креира погрешна слика за работењето на пратениците и во предвид да се имаат сите нивни активности, а не само присуството во пленарната сала и учеството на пленарните седници.“ - стои во реакцијата на Собранието

 

17.01.2014 - 17:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега