Честитка до поглаварот и до Синодот на МПЦ-ОА по повод празникот Богојавление
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи проф. д-р Валентина Божиновска упати телеграма со честитки до поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до членовите на Светиот Архиерејски Синод по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.
- Празникот Богојавление-Водици сведочи за една животна вистина-дека Бог е еден и дека Тој се објави на светот преку ликот на Спасителот Исус Христос заедно со Светиот Дух, кој се симна од небото во вид на гулаб. Нашето нераскинливо единство со Бога како народ, како и нашата еднобитност се Светлина која треба да се умножува во светот, тоа е нашата божествена природа, гордост и битие. Единството исцелува, ги мие душите и телата, додека поделбите внесуваат горчина во блажените води на спасението, стои во честитката.
- Да не дозволиме меѓусебната недоверба и раскол да не надвладеат, туку во блискоста до Бога како и едни со други да се осветиме со чудотворната вода на спасението и духовниот мир. Нека ни е честит и вековит овој голем христијански празник!, се додава во честитката од директорката на Комисијата Божиновска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа