Дечињата од градинките бесплатно ќе учат англиски
Бесплатно изучување на англиски јазик за над 2.500 деца од градинките во општина Аеродром. Ова е новитетот кој денеска го промовираше градоначалникот Ивица Конески. Освен бесплатните курсеви, градоначалникот најави и проширување на капацитетите на градинките во општината за нови 150 места за престој на дечињата.
- Од 2014 година во сите десет градинки секојдневно ќе се изучува англискиот јазик. Тоа значи дека родителите веќе не мора да издвојуваат дополнителни средства од својот буџет како досега, рече Коневски.
Посочи дека во тек е изработка на проекти за проширување на капацитетите на детските градинки со доградба.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски го поздрави проектот на општина Аеродром и најави дека ќе предложи на координативното тело на градоначалници да се прошири овој проект и во другите општини во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа