Започнува граѓанската мобилизација на професорите во Грција
Во Грција од денеска стартува граѓанска мобилизација на професори, која ја објави Владата со цел да спречи неодржување на испитната сесија и кампањата за студентски избори поради планираниот штрајк на просветните работници.
Од почетокот на неделава околу 85,000 професоти ги добија известувањата за мобилизација, а во случај да не се јават на работа им се закануваа со апсење.
Повод за протестите е намерата на Владата да ги зголеми неделните часови и да распредели 4.000 професори во подалечни реони.
Ова е третпат годинава Владата на премиерот Андонис Самарас да употреби објавување на граѓанска мобилизација.
Според неодамнешно истражување, голем дел од грчките граѓани не ги поддржуваат протестите на професорите, а над 50 отсто од анкетираните сметаат дека објавувањето граѓанска мобилизација е неопходно.