Од денеска ќе јадеме во „Гудис“

 

Првиот ресторан на ланецот за брза храна „Гудис“ ќе се отвори денеска во „Веро Центарот“ во Скопје. Франшизата ја има Веропулос - Скопје.

- Огромно задоволство ни претставува фактот што го отвораме првиот Гудис и со тоа полека се движиме кон остварување на нашата главна цел за оваа година, а тоа е забрзан пробив на странските пазари. Среќни сме што имаме можност на скопјани да им понудиме ново место во мапата на ресторани, место со вкусна и деликатесна храна, да ги понудиме уникатните вредности на грчката кујна, квалитетна и брза услуга од нашите вработени, разновидна храна подготвена според највисоките стандарди за квалитет, со специфичен медитерански вкус, вели генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Приказната за Гудис почна во 1975 година во Солун со воведување целосно нов концепт во бизнисот со брза храна. Гудис денес има над 130 ресторани во Грција,  два на Кипар и еден во Тирана. Главна цел на компанијата во моментов е проширувањето на странскиот и грчкиот пазар. Планирано е со работа да почнат уште 22 нови ресторани во повеќе земји. Рестораните на Гудис дневно имаат 500.000 потрошувачи. 

17.01.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега