Магла го покри Скопје: Откажани летови на „Александар Велики“

 

Маглата и денеска предизвикува проблеми на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Според информациите на веб страницата на аеродромот, утринава се откажани летовите од и за Истанбул, предвидени за 08:15 и 09:10 часот. Реализирани се полетувањата до 6 часот изутрината. 

Од АМСМ информираат дека намалена видливост поради магла од околу 100 метри има долж котлините и речните долини. Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива непречено, по наместа влажни коловози. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

17.01.2014 - 08:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега