Маја Новаковиќ: Среќна сум што имав прилика да се преставам на Балканот
Втората натпреварувачка која го напушти музичкото шоу Икс Фактор е Маја Новаковиќ.
Песни за спас отпеаа Маја и женскиот бенд 4U, но судиите одлучија дека Маја иако е таа добар вокал треба да го напушти шоуто бидејќи на настапот испееала полошо од девојките.
“Бев тажна, ова беше емотивна вечер за мене, но немав негативни чувства и мисли. Многу научив од Жељко Јоксимовиќ и многу ми е мило што имав прилика да се претставам на публиката од целиот регион. Ќе се вратам среќна кај моето семејство, а секако дека ќе продолжам да се занимавам со музика и во иднина. Им посакувам многу среќа на колегите и понатаму во текот на “X Faсtor”!“ – изјави Маја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа