Егзит прогласен за најдобар фестивал во 2013
Егзит е прогласен за најдобар европски фестивал во 2013 година во конкуренција на 360 фестивали од 34 држави.
Во гласањето учествувале околу 625.000 луѓе ширум светот, a на гласовите од фановите им се додаваат и гласови од стручното жири, составено од најистакнатите личности од европската фестивалска индустрија.
Егзит влегува во најтесниот избор од 10 најдобри фестивали уште од 2010 година, за годинава да стигне до врвот. Наградата ја прими еден од директорите на настанот Душан Ковачевиќ.
Досегашни добитници на ова признание (Best Major European Festival) се Open’er Festival од Полска,Sziget Festival од Унгарија и Tomorrowland од Белгија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа