Сарачини во посета на Централниот регистар

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе го посети Централниот регистар на Република Македонија.

Предвидено е министерот Сарачини заедно со директорот на Регистарот, Ванчо Костадиновски да разговара за преземените мерки за олеснување на бизнис климата во земјава кои главно се внесени во законите за трговски друштва и за едношалтерски систем согласно препораките на извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светска банка за подобрување на деловната клима. 

15.01.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега