ВИДЕО: Шилеков му се извини на министерот Тодоров

Министерот за здравство Никола Тодоров доби извинување од портпаролот на оцијалдемократскиот сојуз на Македонија, Петре Шилегов.

Тој денес јавно му се извини за како што рече, “ненамаерниот превид во однос на годината“.

„Се извинуваме само што направивме ненанмерен превид само во однос на годината иако тоа не ја менува суштината на овој скандал, само за тој дел околу временскиот период односно околу годината кога Ивона Талеска се повлекува од фирмата, се извинуваме и се повлекуваме“, рече Шилегов.

Шилегов испрати Барање за извинување и јавно повлекување согласно Член 13 од Законот за Граѓанска одговорност за навреда и клевета.

 

Во врска со наводите изнесени од ваша страна на ден 13.01.2014 година на прес коференција, како портпарол на политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија, на која присуствуваа голем број на електронски и пишани медиуми, кога изјавивте дека: „Девет дена откако е распишан милионскиот тендер од страна на министерството за здравство, Ивона Талевска се повлекува од фирмата и му ги дава акциите на малцинскиот партнер, Марко Петровиќ. Тендерот е распишан на 11 декември 2012 година, а Ивона Талевска се повлекува на 20 декември 2012 година. ВИСАРИС МКД ДООЕЛ Скопје конкурира на тендерот и за 4 месеци го добива милионскиот бизнис од Никола Тодоров.“ кои што се невистинити и не одговараат на фактичката состојба, и со кои нанесовте штета на честа и угледот на Министерството за здравство на Република Македонија и на министерот за здравство Никола Тодоров, пишувало во  барањето.

14.01.2014 - 18:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега