Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека без струја утре од 8.30 до 13 часот ќе бидат корисниците од улица „Црвена Скопска општина“ број 4 во општина Центар.
Од 9 до 13 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улиците: Пушкинова и Христо Татарчев (број 11 и 13) во општина Кисела Вода, од 9 до 15.30 дел корисниците од улица 4 Јули број 45 во општина Ѓорче Петров, а од 13 до 14 часот дел од корисниците од село Орман, Терминал и граничен премин Блаце, дел од ул. Кај Аеродром Стенковец, асфалтните бази кај Лепенец, село Горно и Долно Блаце (општина Ѓорче Петров, Чучер Сандево).
Во периодот од 9.30 до 15.30 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улица Теодосиј Синаитски бб - Горни Жданец. (општина Карпош), меѓу 10 и 15.30 часот - дел од корисниците од ул. Руѓер Бошковиќ, ул. Иван Аговски, ул. Веселин Маслеша и ул. Никола Тесла (општина Карпош), а од 9 до 15.30 часот и дел од ул. Гиго Михајловски (општина Карпош).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа