Целосно решен статусот на стечајците и професионалните војници

 

Со две крупни мерки кои се однесуваат на статусот на професионалните војници и на стечајците Владата го решава социјалниот статус на 7000 граѓани. На денешната седница Владата донела одлука да излезе во пресрет на барањата на професионалните војници и да овозможи распределување во државна слуба на војниците по нивното пензионирање на 45 годишна возраст.

- Го задолжуваме Министерството за одбрана во рок од 10 дена да достави Предлог-закон со кој ќе се овозможи прераспределба на војниците во државна служба, соопшти премиерот Груевски на заедичката прес-конференција со сите владини министри.

Владата донела одлука и за донесување на Закон за целосно решавање на проблемот на социјалците од фирмите во доминантна државна сопственост.

- Ги задолживме Министерствата за Труд и социјала, како и Агенцијата за вработување да изготват законско решение со кое ќе се реши статусот и на социјалците кои останале без работа заклучно со 31.12.2013. За нив ќе важат сите услови како и за лицата кои беа опфатени со претходниот закон, соопшти Груевски.

Спотред информациите на Владата за оваа намена ќе бидат издвоени 4 милиони евра пари од буџетот.

14.01.2014 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега