Венизелос и Фабиус имале „апсолутно услогласени мислења за спорот со Скопје“

 

Грчкиот заменик премиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус вчера во Париз разговарале за спорот со името. 

Етнос денеска пишува дека Венизелос и Фабиус имале „апсолутно услогласени мислења за спорот со Скопје“.

Двајцата министри по средбата во Кеј Д’Орсеј изјавија дека биле разгледани приоритетните прашања за грчкото претседавње со Унијата, како економскиот развој, борбата против невработеноста, банкарската унија и продлабочувањето на економската и монетарната унија. Македонија, Западен Балкан и прошиувањето на ЕУ воопшто не ги спомнаа, пренесе МИА.

Детали од разговорот не се споменуваат.

14.01.2014 - 15:50
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега