Се санира мостот на реката Брегалница во Карбинци
Мостот на реката Брегалница меѓу селата Долни Балван и Таринци во Општина Карбинци започна да се санира поради што денеска е затворен за сообраќај.
- Мостот ќе биде затворен за сообраќај се додека трае реконструкцијата. Целосната санација чини околу 19,5 милиони денари, а парите се обезбедени од Агенцијата за рурален развој, изјави денеска градоначалникот Зоран Минов.
Инаку, мостот е уништен од минатогодишните поплави. Големо стебло од топола ја наруши статиката со што беа поткопани и двата носечки столба.
14.01.2014 - 15:13
Фото:
Сител
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа