Министерот Попоски се сретна со новиот амбасадор на Србија во Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Србија, Душанка Дивјак –Томиќ.

На средбата било изразено задоволство од досегашната соработка, а се разговарало за процесот на евроинтеграција на двете земји, заедничките проекти од сферата на инфраструктурата, како и за зголемениот ангажман поврзан со прекуграничната соработка.

Како што соопшти МНР, во контескт на добрата соработка, било изразено задоволство од заедничката седница на двете Влади и фокусот околу составување мешовит комитет за економска соработка.

На средбата било констатирано дека регионалната соработка и проектите во соседството, како и континуираната промоција на економската размена и зголемувањето на инвестициите се важни приоритети на двете влади

14.01.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега